Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ при ОК Прилеп во соработка со нашата дијаспора повторно додели два ваучери во прехрамбени продукти за семејствата од ранливи категории

Сподели го ова:




Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ при ОК Прилеп во соработка со нашата дијаспора повторно додели два ваучери во прехрамбени продукти за семејствата од ранлива категорија, а овој пат прехрамбените продукти заминаа онаму каде што е најпотребно-кај семејствата Стеваноски и Неделкоски. Претседателката на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп Ирена Стерјовска, уште еднаш со помош на дијаспората организира уште една хумана акција, каде што барем за миг, беа усреќени уште две прилепски семејства од ранлива категорија. По тој повод се огласи и Стерјовска на социјалните мрежи при што истакна: “Повторно предпразнично, Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ ОК Прилеп во соработка со нашата дијаспора додели два ваучери во прехрамбени продукти за семејствата Стеваноски и Неделкоски. Животот е тежок за овие две семејства, но борбата за подобар живот и помош од институциите е нивната надеж.Нека е за многу години празникот Василица на сите православни Македонци!”напиша Стерјовска, која што за најактуелниот информативен портал “STANICA.MK” истакна дека како човек и верник нејзината цел е да помогне на што поголем број на прилепски семејства од ранлива категорија, како и да ги мотивира прилепските граѓани да го следат нејзиниот пример и барем за миг во овие празнични денови граѓаните кои се во можност да помогнат на оние семејства кај кои што под итно е неопходна помош-од било каков аспект. Имено ова не е прв, ниту пак последен пат претседателката на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп Ирена Стерјовска да организира ваква хумана акција, бидејќи како што самата истакна за нашиот информативен портал “STANICA.MK” во рамки на нејзините можности и во иднина ќе се организираат вакви хумани акции, и дека христијански е да се помага и да се излезе во пресрет онаму каде што е потребна помош и да се даде барем мала искра на надеж онаму каде што е најпотребно…На крај на нашиот денешен разговор со Ирена Стерјовска, самата таа искрено и од срце ни ја честита Православната христијанска нова година, со желби за добро здравје, среќа и радост-точно онака како што доликува на ваква дама-верник, и вистински борец за интересите на својот народ, и борец за креирање на едно вистинско-нормално општество кое што ќе донесе едно “подобро утре” за нејзините драги прилепчани.





Сподели го ова:

Слични објави