Утрово, висината на снежната покривка изнесува 3 сантиметри во Прилеп, 4 см во Крушево и 12 см во Битола
Утрово, ниски температури и снег има во цела Македонја. До 08:30 часот измерени се -6 степени во Крушево, -3 во Прилеп, а -2 се измерени во Битола, Охрид и Кавардарци.
Висината на снежната покривка утрово изнесува 12 сантиметри во Битола, 4 см во Крушево и 3 см во Прилеп.
Во изминатите 24 часа најмногу воден талог наврна во Битола и тоа 7 литри на метар квадратен, 5 во Крушево, и 2 литри на метар квадратен во Прилеп.
Денеска времето ќе биде облачно проследено со повремени локални врнежи од снег, а во западните делови се очекува висината на снежната покривка на планините да се зголеми од 15 до 25 cm, а на пониските места да се формира снежна покривка од 3 до 10 cm.


















