ВО ДУХОТ НА ТРАДИЦИЈАТА – УТРЕ СИТЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА ПРИЛЕП: Прилепчани ја продолжуваат василичарската традиција
Како што информиравме пред некој ден, Општина Прилеп ја продолжува традицијата која што ја започна минатата година во центарот на Прилеп.
И оваа година во духот на христијанството, прилепските граѓани симболично со парче бурек, греано вино и топол чај ќе го одбележат празникот Св. Василиј Велики – Василица!
Целта на настанот е да се испочитува вековната традицијата за празникот Василица, која што според обичаите во Прилеп се празнува во кругот на семејството со ставање на паричка во пита или пак тркалезно лебче.