Пристигна пролетта – најубавото годишно време во кое ужива “и младо и старо”
Пролетта почнува денеска во 04:06 часот а во истовреме на Јужната хемисфера почнува есента. Пролетта ќе трае 92 дена до 20 јуни кога ќе почне летото. На првиот ден од пролетта, Сонцето во главниот град на нашата земја изгреа во 5 часот и 37 минути, а ќе зајде во 17 часот и 46 минути. Денешниот ден ќе трае 12 часа и 9 минути.
Првиот предгласник на пролетта “кокичето”, веќе одамна е излезено во прилепските дворови за да сведочи за убавото пријатно време кое допрва доаѓа.
Добредојде пролет, се надеваме дека ќе создадеш убави, пријатни пролетни спомени…