Утре по повод празникот св. Василиј Острошки, во прилепско Чумово се очекуваат “реки од верници”

Сподели го ова:





























Утре е големиот празник посветен на големиот чудотворец св. Василиј Острошки. По тој повод, Управата на манастирот “св. Василиј Острошки” во с.Чумово ги известува верниците дека вторник (12.05.2026), со почеток од 10:30 часот, ќе се одржи Света служба во манастирот на која се поканети сите верници. Веднаш после литургијата следува ручек и музичка забава со пригодна музика.

Колку за потсетување, моштите на св. Василиј Острошки останааа цели и целебни, нераспадливи и чудотворни до денешен ден. Чудата на гробот на Св. Василиј се безбројни. Кон неговите мошти притекнуваат и христијаните и муслиманите и наоѓаат исцеленија во најтешките маки и болести. Светите мошти се наоѓаат во манастирот во Црна Гора.




Сподели го ова:

Слични објави