Синоќа на ТВ 24, Чонески со факти и бројки “го нокаутира” крушевскиот градоначалник
Нико Чонески, кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за општина Крушево, на вчерашната дебата на ТВ 24 ја презентираше својата визија за идниот развој на Крушево.
“Замислете, кажавте дека пред вашето доаѓање Крушево било анонимно. Значи никој не слушнал во Македонија и во светот, сите слушнале откако вие дојдовте на власт. Не слушнале ни за Питу Гули, ни за Илинденоско востание, кога дојде Томе Христоски тогаш сите разбраа за Крушево.Кога зборуваме за капитални инвестиции, можеме да набројуваме и два дена кој колку направил или не направил, но важни се бројките.Бројките се немилосрдни.Во вкупна вредност, Томе Христоски реализирал капитални инвестиции во вредност од 3.000.000 евра за 8 годишен мандат.Ако ги споредиме тие бројки со 8 годишниот мандат на неговите претходници, таа сума е 10.000.000 евра.

Мојата визија е мојот животен сон. Мојот животен сон e Крушево да биде место каде што ќе биде привилегија да се живее, налик на монденските градчиња по Алпите кои секој сака да ги посети а никој не сака да си замине од нив. Ние сакаме да менаџираме и да управуваме со општината а не да владееме како до сега со непопуларни методи од типот на закани, притисоци и уцени. Тоа апсолутно ќе се смени и ветувам дека јас ќе се погрижам и никогаш да не се повтори… Во своето обраќање тој нагласи дека градот има огромен потенцијал кој треба да се искористи преку конкретни проекти и стратегии насочени кон подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, развој на туризмот и создавање нови можности за младите – истакна Чонески.


















