|

Утре на “градски” во Прилеп, Победа влегува во дуел против шампионот Шкупи

Сподели го ова:





























Фудбалерите на Победа, по тринеделна пауза, се враќаат на првенствените обврски. По принудната двонеделна пауза поради репрезентативната пауза предизвикана од УЕФА календарот и слободното коло по откажувањето на Ренова, се влегува во завршницата на есенската полусезона до чиј крај остануваат уште 3 кола.

Црвено-белите во недела од 13 часот на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ ќе бидат домаќини на шампионот Шкупи. Првиот меѓусебен меч на двата неделни противници одигран во Скопје во рамките на 5-тото коло заврши без победник 1-1, и тој е еден од двата нерешени исходи (и двата со по 1-1 на Победа сезонава-со ист резултат и мечот дома со А.Пандев).

Избраниците на Седлоски по серијата киксеви од стартот на сезоната ја подобрија формата и со 6 победи и 2 нерешени во последните 8 кола се вратија во борбата за 1-то место и одбрана на титулата. Несомнено Шкупи има поквалитетен ростер и поголем фонд на играчи, но црвено-белите и на Чаир покажаа дека можат да се носат со фаворитот. За избраниците на Бабунски само максимален ангажман и залагање во 90-тте минути , слично на мечевите кога беа остварени победите над фаворизираните Брегалница и Струга, е рецептот за поволен исход во неделниот меч.На располагање се сите играчи освен Паноски, комплетно се рехабилитира младиот репрезентативец Рамани, па може да се рече дека такаречи во најдобар состав Победа ќе се спротивстави на Шкупи.

Ова е првиот од двата домашни врзани дуели, последни во 2022 кога е во прашање фудбал на Градскиот стадион „Гоце Делчев“. Можеби позначајниот, оној во директната пресметка во борбата за опстанок од следното 17 коло против директниот конкурент Скопје, е следната недела на 4 декември во Прилеп – се истакнува во известувањето на официјалната Facebook група на ФК Победа.




Сподели го ова:

Слични објави