ЖАЛОСНО: Палчо пукал во главата на Вања преку перниче со пиштол со калибар од 9 милиметри – стои во обвинението
Денеска, во Основниот кривичен суд Скопје започна судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и на велешанецот Панче Жежовски, при што во судницата беа спроведени првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов, како и Александар Ѓорчевски – таткото на убиената Вања Ѓорчевска.

Со пиштол со калибар од 9 милиметри и преку перниче обвинетиот Љупчо Палевски Палчо пукал во главата на Вања Ѓорчевска, се наведува во обвинението за убиството на Вања Ѓорчевска.