Приведен е прилепчанецот кој се бapaше со меѓyнapoдна потepница
Врз основа на информациите од СВР-Битола, денеска (08.08.2022) полициски службеници од П.С-Прилеп го лишиле од слобода Д.С. (37) од Прилеп. За ова лице, претходно била распишана меѓународна потерница заради издржување на затворска казна во времетраење од 10 месеци за сторено кривично дело од чл.236 ст.1 од КЗ. Врз основа на сето ова, лицето ќе биде спроведено во КПУ Идризово – Скопје.