Утре – бесплатен превоз за прилепските граѓани преку целиот ден со автобусите на јавниот градски превоз


Јп за ПУП кон манифестацијата ЕВРОПСКА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ, се приклучува со активност на 17.09.2022 (сабота) со бесплатен превоз за граѓаните преку целиот ден со автобусите на јавниот градски превоз при ЈП за ПУП. Во автобусите ќе бидат делени флаери од страна на ученици од сообрајќајната паралелка при СОУ„Ристе Ристески-Ричко“.
Исто така ги информираме корисниците дека во Понеделник 19.09.2022г. автобусите на јавниот градски превоз ќе сообрајќаат по вонредната(неделна) линија на 1 час поради активност на учесници на Европската Недела на Мобилност.









 
		








 
			 
			 
			 
			