УШТЕ ЕДНО НОВО ЗАСИЛУВАЊЕ ВО Р.К. “ПРИЛЕП”: Божидар Илиески ќе игра во дресот на “жолто – црните”
Уште еден прилепчанец во дресот на жолто црните! Станува збор за Божидар Илиески кој е новото засилување на бековската позиција, кој ни доаѓа од редовите на Мулти Есенс.
По стапките на својот татко, уште од најмала возраст го засакува ракометот и започнува тоа да биде негова животна пасија. Зад себе има многу успешни пласмани, а веруваме дека со својата брзина и техника ќе продолжи и понатаму да биде еден од најперспективните прилепски играчи.