Крушево празнува! Денес, градоначалникот Нико Чонески официјално го доби уверението од Општинската изборна комисија за започнување на новиот мандат
Денес, градоначалникот Нико Чонески официјално го доби уверението од Општинската изборна комисија за започнување на неговиот мандат. Воедно и советниците ги примија уверениjата со кои и формално ја започнуваат советничка одговорност.

“Како партија, горди сме на довербата што ни ја укажаа граѓаните . Чесно, одговорно и посветено ќе работат за развојот на нашата општина. Во следниот период, ќе се залагаат за транспарентност, еднаквост и вистински решенија за сите жители на Општина Крушево. Веруваме дека само преку заедништво и работа може да ја изградиме општината каква што сите ја заслужуваме” – порачуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ – Крушево.
















