Голем револт кај родителите-ДО КОГА УЧЕНИЦИТЕ ЌЕ СЕДАТ ДОМА??
Голем револт кај родителите-ДО КОГА УЧЕНИЦИТЕ ЌЕ СЕДАТ ДОМА??-Ова е прашањето кое си го поставуваат речиси сите родители. Владата нема слух целосно да им излезе во пресрет на барањата на просветните работници. “Владата, формираше работна група во која се вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за образование и наука Јетон Шаќири, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, да отпочнат процес за преговори за колективен договор, со репрезентативниот синдикат и за методологија за континуиран раст на платите во јавниот сектор. Во заклучоците по оваа точка е вклучено и задолжувањето за Министерството за информатичко општество и администрација, да започне процес за подготовка на закон за платите во јавниот сектор”, е истакнато во соопштението од владината прес-служба. Што се однесува пак до СОНК, денеска од таму порачаа дека ќе биде одржана седница на која што денеска детално ќе го проанализираат ставот на Владата, и потоа ќе се произнесат по него, при што до тогаш, од Синдикатот порачаа дека штрајкот и понатаму продолжува.