УБАВИНА: Денеска во Прилеп повторно се одржа манифестацијата „На Василица во Прилеп“
Празникот Св. Василиј Велики, познат како Василица традиционално се празнува во Прилеп, каде што на овој празник традиционално се врти пита или лепче со паричка, а според обичаите се верува дека тој кој што ќе ја пронајде паричката, во текот на годината ќе го следи среќа.
Денеска во центарот на Прилеп, веќе втора година по ред се одржа манифестацијата „На Василица во Прилеп“ кој прерасна во настан кој што со сигурност е единствен од ваков тип во Македонија и претставува уште еден препознатлив знак на градот Прилеп.
Ден пред празникот, сакам да ви ја честитам православната нова година или Стара нова година како што уште и си ја нарекуваме, традиционален празник кој се прославува како почеток на Новата година според јулијанскиот календар. Сакам да им се заблагодарам на општествено одговорните компании: пекари, винарии и ресторани кој што дадоа свој придонес за реализација на овој настан. Поделивме парче бурек, топол чај и греано вино за сите присутни а за најсреќниот граѓанин кој што ја најде паричката, подаривме еден скромен и симболичен подарок, со кој што му посакавме здравје, среќа, бериќет него и на неговото семејство. Сакам да испратам една порака од денешниов настан, да бидиме горди преносители на нашата македонска традиција, на нашите православни празници, и да се трудиме да ги продолжуваме и негуваме нашите обичаи кои што претставуваат корени на нашето постоење и со кои што и тоа како се истакнуваме и ја промовираме нашата македонска култура не само тука на балканот, туку и во Европа и светот. Нека е за многу години да сме здрави и живи – истакна прилепскиот градоначалник Јовчески.