УАПСЕН Е ВРЗ ОСНОВА НА ДОЈАВА? 47 годишен прилепчанец е уапсен во битолско
На 27.09.2023 полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола на патот за с.Ивањевци, битолско, го лишиле од слобода К. А.(47) од Прилеп, бидејќи кај него е пронајдена и одземена марихуана.
Тој е приведен во Полициска станица Битола и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава – информираат од МВР.