Ирена Стерјовска овој пат помогна на бегалци од Запоржје-Украина кои се сместени во Прилеп

Сподели го ова:























Можно е да е слика од 3 луѓе и луѓе што стојат

Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ при ОК Прилеп предводена од Претседателката Ирена Стерјовска Локвенец, повторно и овој месец се вклучи во хумана мисија каде беа доделени прехрамбени продукти, меѓутоа овој пат прехрамбените продукти беа доделени на бегалци од Запоржје Украина кои се сместени во Прилеп. По тој повод се огласи и Стерјовска на социјалните мрежи при што истакна: “Тимот на Унија на жени Прилеп овој месец помогна на 13годишниот Никита и неговиот брат, кои се дојдени кај нивната баба како бегалци од Запоржје Украина. Никита за прв пат е разделен од својата мајка и му посакуваме што поскоро да биде заедно повторно целото негово семејство.Пораката која ја праќаме е МИР во целиот свет и желба за среќно детство на сите деца”-напиша Стерјовска, која што за најактуелниот информативен портал “STANICA.MK” истакна дека како човек и верник нејзината цел е да помогне на што поголем број на прилепски семејства од ранлива категорија, како и да ги мотивира прилепските граѓани да го следат нејзиниот пример и барем за миг доколку се во можност, да помогнат на оние семејства кај кои што под итно е неопходна помош-од било каков аспект. Имено ова не е прв, ниту пак последен пат претседателката на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп Ирена Стерјовска да организира ваква хумана акција, бидејќи како што самата истакна за нашиот информативен портал “STANICA.MK” во рамки на нејзините можности и во иднина ќе се организираат вакви хумани акции, и дека христијански е да се помага и да се излезе во пресрет онаму каде што е потребна помош и да се даде барем мала искра на надеж онаму каде што е најпотребно…Многу добро кажано од нејзина страна-точно онака како што доликува на ваква дама-верник, и вистински борец за интересите на својот народ, и борец за креирање на едно вистинско-нормално општество кое што ќе донесе едно “подобро утре” за нејзините драги прилепчани.



Сподели го ова:

Слични објави