Дел од учениците од ООУ “Рампо Левката”-Прилеп денеска беа во посета на реномираната компанија ,,Комфи Ангел” -Прилеп

Сподели го ова:





























Под мотото ,,Сакам да бидам…” учениците од 9-то одделение од ООУ “Рампо Левката”-Прилеп во рамките на “Образованието за животни вештини”, беа во посета на реномираната компанија ,,Комфи Ангел” -Прилеп.

Колку за потсетување, компанијата “Комфи Ангел” е лидер во својата работа која што се карактеризира со огромна посветеност, вистински начин на менаџирање, мотивирана работна сила, како и одлични човечки ресурси. Учениците се на прагот на избор на својата професија и време е да почнат да размислуваат која струка ќе ја одберат. Детските желби, афинитети, информираност, но и подготвеност се важни во однос на тоа за која професија ќе се одлучат.

Периодот е важен за градење на личноста, при што овој пат беше ставен акцент на изучување и стекнување знаење за најразлични професии. На овој начин, децата ќе добијат професионална ориентација, според која ќе можат да ги градат своите интереси и желби.




Сподели го ова:

Слични објави