У.Ж. на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп организираше богат и впечатлив настан, кој што беше културно, музички и духовно проткаен преку песна, поезија и говори во чест на св. Кирил и Методиј


Вечерва, во преполниот амфитеатар на “Могилата на непобедените” во Прилеп, Унијата на жени при О.К. на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп, реализираше настан кој беше организиран по повод престојниот празник “Св. Кирил и Методиј”, и истиот беше на тема “Ден на сесловенските просветители и учители Св. Кирил и Методиј”.
Амфитеатарот во Паркот на револуцијата беше претесен за да ги собере сите оние кои вечерва присуствуваа и бел дел од убаво организираниот настан од Унијата на жени при О.К. на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп. Станува збор за навистина богат и впечатлив настан, кој беше организиран во чест на св. Кирил и Методиј, настан кој што беше културно, музички и духовно проткаен преку песна и говори. На настанот присуствуваа и прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, Претседателот на О.К. на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп Дејан Проданоски, како и Претседателката на Унија на жени при О.К. на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп Билјана Кузманоска, која на почетокот ги поздрави присутните, а воедно исто така го најави и настанот.
“Упативме благодарност за нивното дело кое денес е душата на нашето постоење.Оваа вечер e исполнета со поезија, музика и текстови кои нѐ упатуваат во животот на Браќата просветители. Со ваквите настани покажуваме стремеж кон зачувување на верата, на историјата, на достоинството и просветата. Од ова место денес сите заедно испраќаме порака дека ВМРО-ДПМНЕ со целото свое членство, непокорливо ги овековечува бастионите заслужни за словенската писменост, Македонците, татковците на писменоста – браќата Св. Кирил и Методиј”-истакна Кузманоска.




















