ВИДЕО-ЛАШКОСКА: Закон за финансиска стабилност е исклучително потребен, особено во услови кога државата тоне, а долгот достигнува до 63%


Законот за финансиска стабилност треба да даде една конкретна, и пред се – убаво креирана економска рамка, во која што треба да се движи македонската Влада, затоа што не може да се зборува за финансиска стабилност, а на секои две недели власта да се задолжува. Имено, во однос на Законот за финансиска стабилност, на денешната собраниска седница која се одржа во собраниската сала во Собранието на Република Македонија, на собраниската говорница свој говор имаше и прилепската пратеничка Ане Лашкоска, која потенцираше дека “Законот за финансиска стабилност, исклучително потребен, особено во услови кога државата тоне, а долгот достигнува до 63%.Но, искуството кажува оти оваа власт носи закони кои ни сама не ги почитува”-потенцираше Лашкоска. Целосното обраќање на прилепската пратеничка Ане Лашкоска во Собранието на Република Македонија, може да го погледнете целосно во прилог на оваа објава:

















