Поканети сте сите! Денеска во Прилеп гостува женскиот камерен хор “Керамија” на летната сцена во НУЦК Марко Цепенков

Сподели го ова:





























Денеска (петок, 04.07.2025) женскиот камерен хор “Керамија” на летната сцена во НУЦК Марко Цепенков во Прилеп, ќе одржи голем концерт со почеток во 19:30h.

Освен женскито камерен хор „Керамија,, на концертот ќе настапат и КУД „Стив Наумов“ од Битола и Градски камерен хор „Астибо“ од Штип.



Програма:

Женски Камерен хор „ Керамија “

1.Ave Maria – Vitorio соло Катерина Попоска
2.Ubi Caritas – Ola Gjelo
3.Zum Gali Gali – Israel Folk Song *Инструментална придружба Магдалена Ковилоска флејта Андреј Димоски бонгоси
4.Mamma Mia – ABBA соло Ане Чесноска
5.Ли ду ду – муз. Григор Копров -Васил Хаџиманов. арр. за хор Бурим Хидри

Куд. Стив Наумов Битола

1. Тајно моја-Д. Темков
2. Кољо гидија – А. Лековски
3. Голем чечкалица – Д. Величкович
4. Bullerengue – J. Antonio
5. We will rock you – M. Brymer

Градски камерен хор “Астибо” Штип:

1. Химна на Св. Климент Охридски – Кирил Македонски;
2. Кумановка 5 – Трајко Прокопиев;
3. Го пратиле дедо… – народна, арр. Ивана Ѓурѓевиќ – Јанков;
4. El Condor pasa – Daniel Alomia Robles;
5. Historia de un amor – Carlos Almaran;
6. The Lion sleeps tonight – Solomon Popoli Linda.
**********************************************************
Женскиот камерен хорот „Керамија“ е формиран на 11.01.2023 година во Прилеп под иницијатива и диригентска палка на Катерина Попоска од Прилеп, дипломиран музичар теоретичар педагог.
Во хорот членуваат ентузијасти и вљубенци во хорската уметеност.
Специфично е името „Керамија“ но тоа го означува античкот град Керамија, кој се простирал на задниот дел и ѕидините од Марковите Кули, кој е синоним на градот Прилеп.
Жкх.„Керамија“ е единствениот еднороден женски хор во Прилеп, во него членуваат и аматери и девојки со музичко образование, но со голем стаж во хорската уметност, кој во многу кратко време покажа дека можи да се носи со тежина на материјал, обемна работа и професионалност на рамниште со професинални хорови. Хорот со досегашната работа има обработено композиции од духовен карактер, комерцијални англиски и божиќни хитови и македонски староградски и народни песни.
Целите на хорот е да се негува хорското пеење и традиција како дисциплина. Афирмација како единствен женски хор од Прилеп за афирмација во Македонија и за афирмација и надвор од границите на државата.
Има реализирано бројни концерти во земјава и во странство. 




Сподели го ова:

Слични објави