ТРАДИЦИЈАТА ЖИВЕЕ: И оваа година, жителите на Жабино Маало го одбележаа Св. Никола
На еден ден пред градската слава, го славиме тука патронот и заштитник на Прилеп, големиот христијански празник Св. Никола. И оваа година, жителите на Жабино Маало го одбележаа Св. Никола.
“Сакам да ви посакам пред се добро здравје на сите, мир, среќа и бериќет во вашите семејства. Голема благодарност за организацијата упатувам до годинешните домаќини Љупче и Менде со нивните фамилии а исто така го честитам кумството на новите домаќини за в година и се надевам дека здрави живи сите ќе се видиме повторно тука да го одбележиме овој голем празник. Ја користам оваа прилика уште еднаш да ги поканам сите жители на општина Прилеп утре заедно на централната прослава на празникот во центарот на градот пред параклисот на Св. Никола и на плоштадот „Александрија“! Нека ни е за многу години празникот! Честита слава на сите мои сограѓани и вечно и честито име на сите кои слават!” – истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.