Убава вест! Новиот автопат Прилеп-Битола ќе стартува до крајот на октомври, а патот “Прилеп-Градско” ќе биде готов до крајот на годината

Сподели го ова:


























Министерот за транспорт и врски Александар Николоски, истакна дека новиот автопат Прилеп-Битола ќе стартува до крајот на октомври, а патот “Прилеп-Градско” ќе биде готов до крајот на годината.

Ги решивме проблемите на делницата Прилеп – Градско, финансирана делумно од Европската Унија. ЕУ во 2023 година, побарала формирање меѓуресорска комисија од Министерството за транспорт и ЈПДП но година и пол, не беше формирана. Две недели откако стапив на функцијата министе, ја решивме таа работа, и веќе се работи инетнзивно. Делницата Прилеп – Градско ќе ја завршиме до Нова година, и целата ќе биде оперативна. Ќе може да се вози по нов експресен пат со два тунела со брзина од 110 – 130 километри на час. Слична беше ситуацијата и на потегот Ранковце – Крива Паланка. И таму ги решивме проблемите. И таму имаме финансирање од ЕУ и до Нова година и оваа делница ќе биде ставена во фунција… Ќе стартуваме со Прилеп – Битола со конкретни активности на терен и изградба на автопат, како и со Гостивар – Бокојчани, популарната Стража. Тоа се двете секции кои први ќе одат” – нагласи министерот Николоски.




Сподели го ова:

Слични објави