ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА: Шесто, искачување на Солунска глава

Сподели го ова:


























Од 20-ти до 21 јули 2024 година, љубителите во природата ќе бидат дел од шестото традиционално искачување на Солунска глава.

“Почитувани љубители на природата,
по повод 6 години од поставувањето на столбот, ПСК Чеплес во соработка со ПД Гемиџии ‘903 организира искачување на Солунска Глава на 20/21.07.2024год. (Сабота,Недела)

Пристигнувањето на планинарите е во Сабота на 20.07.2024.

Кој сака може да ги посети изворите на р.Бабуна,сместување во Планинарски дом Чеплес и припрема за утрешното искачување.

Поаѓањето кон врвот е во Недела во 07:00 часот ,враќање назад во домот и организиран ручек од страна на Планинарскиот дом Чеплес за сите што ќе учествуваат во искачувањето.

Потребно е да имате стандардна планинарска опрема за летни услови!

Пријавувањето започнува од 15.07.2024 па се до настанот. (Местата се ограничени!)

Цените за престојот во Планинарскиот дом Чеплес за овој настан ќе изнесува 300ден.

Престој со сопствен шатор – 100 ден. од шатор + 100 ден. по лице

*Патот е прооден за доаѓање со автомобил преку с. Нежилово со внимателно возење.

Контакт и резервации :071-398-321 Цоце

Сите љубители на планината и природата се добредојдени!”– се истакнува во соопштението од Планинарски дом “Чеплес”.




Сподели го ова:

Слични објави