ОВР – Прилеп има нов началник – вистински докажан професионалец
Функцијата Началник на Одделението за внатрешни работи – Прилеп, од денеска ќе ја извршува Марјан Станоевски. Станува збор за долгогодишен, докажан професионалец во средината во која работи. Исто така, новиот министер на МВР – Панче Тошковски, во Секторот за внатрешни работи -Битола го назначи Сашо Мирчески.
Од изборот на министерот може да се виде дека станува збор за чесни, искусни, докажани професионални кадри, за кои повеќе од очигледно е дека ќе си ја извршуваат својата задача, навремено, чесно и одговорно.