ТОШКОВСКИ: Граѓаните масовно да го остварат нивното право на глас и да не дозволат нивната волја да биде киднапирана од било кој субјект

Сподели го ова:


























Како на првиот, така и на вториот круг од Претседателските избори, а овој пат заедно со Парламентарните избори, рано изутринава со сопругата ја извршивме нашата граѓанска должност и го остваривме нашето демократско право на глас – истакна утрово министерот Панче Тошковски.

“Во оваа прилика сакам да упатам порака до сите граѓани, во духот на демократијата масовно да го остварат нивното право на глас и да не дозволат нивната волја да биде киднапирана од било кој субјект, на било каков начин. Гласањето е тајно и никој не може и не смее да знае позади параванот за кого граѓаните ќе го дадат својот глас.

Министерството за внатрешни работи ги има сите потребни човечки и технички ресурси за да гарантира еден фер и демократски изборен процес, во кој секој граѓанин ќе го оствари својот глас согласно сопственото убедување и во таа насока МВР во координација со ЈО ќе делува бескомпромисно кон секој кој ќе се обиде на незаконит начин да влијае било како врз волјата на гласачите” – нагласи Тошковски.




Сподели го ова:

Слични објави