Денеска е 7 мај – Денот на македонската полиција
Денеска (четврток, 07.05.2026) во 10:30 часот, во кругот на Министерството за внатрешни работи ќе се одржи централната прослава за одбележување на Денот на македонската полиција – 7 Мај. На настанот свои обраќања ќе имаат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Александар Јанев.
На одбележувањето на Денот на македонската полиција ќе присуствуваат и министри и други гости, како и претставници на дипломатскиот кор во Македонија.
Ги покануваме заинтересираните медиуми, кои сакаат да го проследат настанот, да бидат во Министерството за внатрешни работи најдоцна до 10:00 часот.
Воедно, информираме дека истиот ден, од 17:30 часот на паркингот пред Градското собрание ќе има презентација на опрема од различни полициски единици, каде граѓаните ќе имаат можност да се дружат со полициските службеници, а на „Школка“ од 18:00 часот предвиден е музичко-забавен хепенинг со познати музички ѕвезди.


















