Прием на премиерот и членовите на новата Влада кај Претседателката Силјановска Давкова
Денеска, Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги прими премиерот Христијан Мицкоски и членовите на новоизбраната Влада во Претседателската вила на Водно, од кои очекува чесно и одговорно да ја реализираат и исполнат поставената програма за работа.
Силјановска Давкова упати честитки за нивниот избор, а воедно му посака успешна работа во исполнувањето на стратешките цели на државата, економски напредок, како и и подобрување на животниот стандард на граѓаните.
Прием за премиерот Христијан Мицкоски и членовите на новоизбраната Влада.
Од нив очекувам совесно, чесно и одговорно да ја реализираат поставената програма за работа, во согласност со македонските национални интереси и интересите на граѓаните – порача Силјановска Давкова.