ТОПОЛ ПРЕЧЕК: Јовчески ги пречека претставниците од светските гемолошки здруженија кои се во посета на Прилеп

Сподели го ова:
























Претставници од повеќе светски гемолошки здруженија, проценители на природни и вештачки скапоцени и полускапоцени камења, од Србија, Канада, Австралија, Америка, Русија, Германија, и Македонија денес беа во посета на Прилеп во рамките на Балканската тура за гемолошки истражувања.

Градоначалникот беше запознат за значењето и вредноста на скапоцените камења и важноста на прилепскиот регион за гемолошките истражувања и ги информираше дека Прилеп е горд што е град на мермерот и што високо котира на мапата на квалитетен мермер кој што може да биде искористен за гемолошки истражувања, што би можело да биде уште една можност за туристичка дестинација на научната стручна фела.

При оваа посета градоначалникот Борче Јовчески заедно со почитуваните гости ги посетија неколкуте мермерни рудници во околината на Прилеп.




Сподели го ова:

Слични објави