Проданоски во посета на “Bim Food” – Прилеп – една од најдобрите прилепски компании
Дејан Проданоски, кандидат за градоначалник на Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, оствари средба со Иван и Милан Биќанин од Bim Food – Прилеп, кои како добри домаќини му посакаа топло добредојде на пратеникот Проданоски.
Локалниот бизнис е срцето на економијата и мотор за развој на нашиот град. Мојата цел е јасна, компаниите кои создаваат работни места и инвестираат во иднината на Прилеп ќе имаат силна поддршка од локалната власт. Разговарав со раководството на Бимфуд ДОО, за предизвиците и можностите за понатамошен развој и унапредување на нивниот бизнис. За мене е важно да ги слушам и разбирам потребите на компаниите кои секојдневно придонесуваат за економскиот раст на Прилеп и обезбедуваат сигурни работни места за граѓаните. Моето лично ветување е дека ќе работам за град каде што локалниот бизнис ќе биде поддржан, инфраструктурата ќе се модернизира, а пристапот до административни ресурси ќе биде олеснет за сите кои веруваат и инвестираат во нашата заедница. Време е Прилеп да се движи напред, со конкретни чекори и стратегии кои ќе донесат економски просперитет и достоинствен живот за секој прилепчанец – порача Проданоски.


















