Точно 101 година од смртта на прилепскиот великан Ѓорче Петров

Сподели го ова:


























opstina

Ѓорче Петров бил неуморен борец за самостојна Македонија, а неговата животна девиза била: „Македонија и нејзината иднина секогаш се во рацете на македонскиот народ. Ѓорче Петров е исклучително значајна личност за македонската историја, чиј лик и дело оставија силен печат за идните генерации.Ѓорче Петров е роден на 2 април 1865 година во Варош, Прилеп а загинал на 28 јуни 1921 година во Софија.

По повод 101 годишнина од смртта на прилепскиот великан Ѓорче Петров, делегација од ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп положи свежо цвеќе пред споменикот во центарот на градот.

„ Благословена земја е Македонија со своите полиња и езера, особено со првите! Заградени со гори и планини, богато напојувани со реки и потоци од окружувачките им водести планини, тие полиња преставуваат места каде што се излеал сиот Божји благослов на земјата. Покриени со бујна, шарена растителност, тие се цветници многу пријатни за гледање, грижливо обработени од густото и трудољубиво население тие се вистински градини! Јас сум уверен, дека и швајцарските полиња би позавиделе на некои од нејзините полиња за плодноста, красотата и нивната свежина.“ —Ѓорче Петров, „Материјали по изчувањето на Македонија“, 1896г.

Нека му е вечна славата!




Сподели го ова:

Слични објави