Директорот на ООУ “Кире Гаврилоски – Јане” Влатко Кузманоски, како и гостите од Вршац, Горњи Милановац и Белград на прием кај прилепскиот градоначалник

Сподели го ова:























Во рамките на проектот за промоција на македонската традиција, култура и зачувување на македонскиот јазик, гости во ООУ “Кире Гаврилоски – Јане” беа професорите по македонски јазик и деца од училиштето “Моша Пијаде” од Вршац, како и гости од Горњи Милановац и Белград – организатори на фестивалот Дечјег филмског стваралаштва “Кратка форма” : Нарциса Даријевиќ и Бобан Стефановиќ, со кои ООУ “Кире Гаврилоски – Јане” има долгогодишна соработка – учество со образовни филмови на фестивалот од 2015 год.

Координаторите на овој проект : Јованка Антоска и Розита Кареска заедно со директорот Влатко Кузманоски, претставникот на родителите чии деца се вклучени во проектот Гоце Бумбароски и гостите од Р. Србија, беа на прием кај градоначалникот каде е покрената иницијатива за збратимување и меѓусебна соработка со овие три градови на задоволство на сите присутни.



Сподели го ова:

Слични објави