Почина Љупчо Перканоски, човекот со ангелски лик и ангелска хумана душа
Вчера, на 43 годишна возраст како последица од повреди во трагичната сообраќајна несреќа која се случи во населбата Варош, почина нашиот сограѓанин Љупчо Перканоски, сопственик на Авто Контрол. Погребот е денеска на новите градски гробишта во Прилеп во 15 -30 часот (сабота, 21 -ви октомври).
Перканоски беше семеен човек, сопруг, татко на две деца, голем хуманист, добротворец, искрен пријател и почитуван млад бизнисмен. Помагаше секаде и секому! Тој беше човекот со ангелски лик и ангелска хумана душа!
Семејството, пријателите и градот загубија многу!
Почивај во мир!
Искрено сочувство до семејството!