Убаво е да се биде дете! Вчера, градоначалникот Проданоски во неговиот кабинет ги прими четвртоодделенците од Општина Прилеп
Вчера во кабинетот на прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски во посета му беа четвртоодделенци кои, според нивната наставна програма, учат за Локалната самоуправа и за надлежностите на градоначалникот.

“Разговорот беше исполнет со интересни и искрени прашања, а дружењето навистина убаво. Имав чест да угостам прекрасни гостинчиња, од кои може многу да се научи. На младите им припаѓа иднината, а наша обврска е постојано да работиме на подобрување на условите за живот и создавање подобра и посигурна иднина за нив” – порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.















