ТЕШКО НА НАРОДОТ: За 6 години се формирани 56 нови институции, со директори, службени автомобили и Управни одбори
За 6 години се формирани 56 нови институции, со директори, службени автомобили и Управни одбори – истакна Стефан Андоновски, дополнителен заменик министер на Министерство за информатичко општество и администрација во неговото гостувањето во радио МРТ1.
“Реформата за процесот на реорганизација на администрацијата, која беше најавена уште во 2017 година постојано се удира во ѕид. Тука е податокот дека Акцискиот план за спроведување на стратегијата бил реализиран само 52% што значи дека оваа Влада реализирала одвај половина од реформите. Во 2018 година имаме 1291 институција во јавниот сектор, од кои 128 органи на државната управа. Денес после 7 години на „оптимизација и реорганизација“ од страна на СДСМ и ДУИ имаме 1346 институции и 144 органи на државната управа. Тоа се 56 нови директори на институции кои не и требало да бидат оформени, 56 нови нивни заменици, 430 управни и надзорни одбори, во кои има 4000 партиски војници кои земаат паушали, нови службени возила и телефони, нови простории, илјадници нови вработувања” – истакна Стефан Андоновски – дополнителен заменик министер на Министерство за информатичко општество и администрација на гостувањето во радио МРТ1.