Во Прилеп се врши целосна замена на дотраените плочки во Старата чаршија
Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, заедно со ЈКП „Комуналец“ и со максимално искористување на сопствените ресурси, започнаа со целосна замена на дотраените и оштетени травертин плочки во Старата прилепска чаршија, едно од најзначајните и најпрепознатливи обележја на нашиот град.
“Ќе бидат заменети сите оштетени плочки, затоа што нашите сограѓани заслужуваат безбеден, уреден и достоинствен јавен простор. Чаршијата е срцето на Прилеп, место кое ја чува и раскажува нашата историја, традиција и препознатливост. Затоа, нејзиното одржување и унапредување претставува наша обврска и одговорност кон сегашните и идните генерации. Прилеп заслужува грижа, ред и континуиран развој. Ние продолжуваме да работиме посветено, чесно и одговорно, создавајќи услови за поубав, поуреден и помодерен град со кој сите ќе се гордееме” – истакна Проданоски.


















