Почина Саша Поповиќ
Oсновачот на „Гранд продукција“, Саша Поповиќ, почина денеска на 70-годишна возраст, по кратко и тешко боледување. Поповиќ е роден на 24 април 1954 година во Нови Сад.
Низ децениската работа тој беше визионер и посветен професионалец. Преку музиката и телевизијата тој откри и поддржа бројни таленти, обликувајќи го звукот и духот на една ера. Неговата енергија, посветеност и креативност ќе живеат засекогаш преку песните, уметниците, емисиите и сето она што тој го создал. Наследството што го остави зад себе е немерливо и го одбележа времето во кое живеел – соопштија од неговата продукција.
















