Пратеничката Кузманоска: Продолжуваме да инвестираме во проекти што носат трајна вредност и ќе останат за идните генерации
На денешната прес-конференција пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Кузманоска, зборуваше за ребалансот на Буџетот со кој капиталните инвестиции се зголемуваат на 45,9 милијарди денари.
Сето ова е јасен показател дека продолжуваме да инвестираме во проекти што носат трајна вредност и ќе останат за идните генерации – порача Кузманоски, при што истакна дека парите од ребалансот на Буџетот одат во:
Во нови патишта.
Во железничка инфраструктура.
Во училишта и градинки.
Во спортски сали.
Во капитални проекти што носат развој во секој дел од Македонија – истакна Кузманоска.


















