ТЕЛЕФОНИТЕ ВО РАЦЕ: Да и помогнеме на Лидија Ристевска-жената за која сведочат безброј игли и болнички кревети

Голем број на наши читатели, неколку години наназад ја знаат лошата животна приказна на Лидија Ристевска, при што денеска неколку наши сограѓани ја контактираа “STANICA.MK”, се со цел, за да преку нашата објава (како еден од двата најчитани информативни портали по бројот на следбеници во нашиот регион), да помогнеме и уште еднаш да ја информираме јавноста за проблемот на Лидија. Имено, целосното обраќање на Лидија Ристеска, и нејзиното објаснување за нејзиниот проблем со кој таа се соочува, Ви го пренесуваме во прилог на оваа објава:
“Драга моја подршко,драги мои пријатели! Има една болест по име мултиплекс склероза и била со илјада лица. Јас сите и ги видов до степен кога ме остави целосно неподвижна , без глас и што уште не. Безброј игли, болнички кревети.. Направив пет трансплатаци со матични клетки,но состојбата од многу причини се влоши. Во јули закажана е шестата, најкомплексна и со нови методи.
Ветив дека ќе ја победам оваа болест и ќе се додржам до тоа. Ве молам сите кој искрено верувате во мене дајте ми ја вашата подршка.Оваа е најголемата интервенција досега и чини 30000 евра.
Помогнете ми брзо да ги собериме , бидејќи секое одолговлекување крати од можноста до целта.
Јас сум целосно неподвижна и ова е мојата надеж и силно верувам”-истакна Лидија на социјалните мрежи.
ТЕЛЕФОНИТЕ ВО РАЦЕ: Да и помогнеме на Лидија Ристевска-жената за која сведочат безброј игли и болнички кревети.