Прилепскиот фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” на 19 јуни во Охрид, на 20 јуни во Битола …

Сподели го ова:





























Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, односно фестивалот кој што од страна на публиката е прогласен за “МОДЕРЕН ДЕТСКИ-СВЕТСКИ БРЕНД”, по барање на детската публика ширум Македонија, и оваа година ќе настапи со своите детски музички ѕвезди низ градовите од нашата земја. Турнејата започнува од овој месец јуни и ќе трае до крајот на годината.

Ова лето, Веселите Ѕвончиња ќе настапат во повеќе градови низ Македонија. Турнејата започнува на 19 јуни во амфитеатарот во Охрид со поддршка од Општина Охрид, а на 19 јуни со поддршка од Општина Битола настапуваат во големиот битолски парк кај градското шеталиште.

Колку за потсетување, во тек се пријавувањата за учество за следното фестивалско издание, па доколку имате од 4 до 14 години и сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание кое ќе се одржи во месец април 2027 година, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 077/867-169.

Детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, фестивал каде што во Прилеп се создаваат весели, детски-музички спомени.




Сподели го ова:

Слични објави