Таткото монструм конечно зад решетки! Ќе одговара за убиството на неговата две годишна ќерка

Сподели го ова:


























Судот од Кичево определи 30-дневен притвор за таткото Ф. Д. ( 30), кој ја претепа својата двегодишна ќерка, која по 22 дена борба за живот, почина на скопската Клиника. Против таткото е поднесена кривична пријава за убиство. Мажот е спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор – Битола“

„Тој, на 18.12.2023 година, околу 21 часот, во семејната куќа во Кичево, при вршење семејно насилство, со физичка сила ѝ нанел тешки телесни повреди на својата двегодишна ќерка, која била пренесена за укажување лекарска помош во Општата болница во Кичево, а потоа во Клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’ во Скопје, каде што на 8 јануари починала“, истакнаа од СВР Охрид.




Сподели го ова:

Слични објави