Свечено отворени 65. Струшки вечери на поезијата – “Тамо зората греит душата и с’нце светло зајдвит в гората“

Сподели го ова:





























Синоќа на бреговите на Црн Дрим, свечено беа отворени 65. Струшки вечери на поезијата, манифестација која одамна ја надминаа рамката на еден фестивал. Тие се дел од културниот идентитет на нашата држава и едно од најзначајните меѓународни културни случувања во Европа. Во Струга, веќе 65 години, се среќаваат различни јазици, традиции и поетски светови, обединети околу вербата дека културата има сила да создава разбирање, доверба и блискост меѓу народите.

Годинава, Златниот венец, ќе ѝ биде доделен на истакнатата холандска поетеса Анеке Брасинга, авторка чија поезија остава длабока трага во современата светска книжевност. Нејзиното присуство во Струга уште еднаш го потврдува меѓународниот углед што оваа манифестација го има изградено низ годините.

Од времето на браќата Миладиновци до денес, Струга испраќа една иста порака. Културата и поезијата имаат моќ да ги надминат сите граници.




Сподели го ова:

Слични објави