СТОП ЗА СЛАВЕЊЕТО НА ХАЛОВИН- Како е возможно денес просветениот свет да ги слави труповите, смртта и трулежот? – прашуваат од “Православие.мк”

Сподели го ова:


























Како е возможно денес просветениот свет да ги слави труповите, смртта и трулежот? – прашуваат од “Православие.мк” во нивната Facebook објава. Имено, еве што поточно се истакнува во оваа објава:

“Ѓаволот не треба ни на шега да го повикуваме.

Како е возможно денес просветениот свет да ги слави труповите, смртта и трулежот?

Како е можно крстените души да учествуваат во ѓаволските литии облечени како акрепи?

Дали е тоа либерализам и дехристијанизација на секуларниот запад или пак е отворен култ на сатаната?

Дали е тоа сатанизам, вешто маскиран во допадлива шоу-програма, забава и разонода за деца?

Зарем ние родителите да ги сквернавиме своите деца, облекувајќи ги во акрепи, да ги испраќаме во името на сатаната да собираат жртва?

Сето тоа го правиме со насмевка и велиме: ама тоа не е ништо, тоа нема никакво подлабоко значење, сето тоа е само игра и разонода…!

Како да се справуваме со ова искушение?

На кој начин да им објасниме на своите деца?

Зарем тие да бидат изопштени?

Зар да им се потсмеваат на училиште, затоа што не учествуваат во прославите?

Зарем децата да ми бидат заедно со Мормоните и Јеховините сведоци?

Сакаш ли да му забранам, па спротивставувајќи ми се, за инает кон мене да направи нешто уште полошо?

Сите овие прашања ги имаме ние, Православните родители, но како понатаму?

Како прво и основно, мораме цврсто да веруваме во Бога! Господ вели: „Јас сум воскресението и животот, кој верува во Мене, и да умре, ќе живее. И секој, што живее и верува во Мене, нема да умре довека.“ (Јн. 11, 25-26).

Мнозина на ова само одмавнуваат со раката и говорат: добро, добро…

Она коешто тука може да се чуе, од оние кои се обидуваат да се оправдаат, главно се следниве аргументи:

– „Ама тоа е безопасна и шеговита прослава“

– „Па тоа е само обичен маскенбал, убав провод за децата“

– „Тука нема никакво зло, тоа е само обично глупирање“

Токму овие и слични на нив аргументи – се релативизирање на злото!

Тоа е сатанска реторика која секогаш го оправдува и го релативизира гревот, говорејќи: ама не е тоа ништо страшно, само ти направи го тоа и ќе видиш дека не е страшно!

Едно е вистинито во сите овие тврдења: на површината сè делува наивно и безопасно. Наводно, денешниот Халовин нема никаква врска со оној „вистинскиот“ и изворен Келтски обичај на празнување на Принцот на Смртта. Ако е така навистина како што велат, зошто тогаш се прославува на истиот ден? Зошто ја има истата „иконографија“ и истиот редослед на обредот како и древниот паганскиот празник?

За сето ова да го разбереме, мораме да ја откриеме историјата, демонската догматска позадина и практикумот на овој пагански обичај.

Само на тој начин, јасно и правилно ќе можеме да расудуваме и да добиеме одговор на прашањето:

Дали православниот верник на било кој начин може да учествува во празнувањето на Халовин!?

Првата стапица на лукавиот лежи во самото име Халовин. Овој израз е староанглиски – “All Hallow Eʹen” и преведено би значело: Ноќ на сите Светии.

Значи, самиот наслов нема никаква врска со Келтскиот култ на смртта, туку со Богоносните Отци на Црквата, Келтските и Галските Просветители и Рамноапостолни светители, кои го ширеле Христијанството низ Северна Европа.

Отците го востановиле празнувањето на Сите Христијански Светители токму на овој ден, за да се борат против паганството, со Светлината на Вистината и со Силата на Крстот, за да се разобличи паганската ѓаволопоклоничка пракса.

Само од незнаење и со лукавството на сатаната, ова свето име се врзува повторно за паганското празнување на смртта.

Отец Лука

Извадок од беседа на празнување на св Апостол Лука 31.10 2015″ – истакнуваат од “Православие.мк” во нивната Facebook објава.




Сподели го ова:

Слични објави