Стојаноска: Активната блокада беше повеќе од успешна, на 18-ти јуни ќе се случи масовен протест, граѓаните се заситени од сивилото на власта

Сподели го ова:
























„Блокадата во Собранието не да беше успешна туку беше повеќе од тоа, бидејќи видовте како заврши минатата работна недела, а за сметка на тоа пак оваа недела апсолутно нема никакви закажани собраниски активности. Дури би испратила апел до власт да да дојдат во Собрание за да можеме да продолжиме со  активната блокада. Јас не знам што очекуваа од активна блокада, два дена им поминаа во усвојување на Дневниот ред и го усвоија неделовнички, би рекла насилнички“, истакна Дафина Стојаноска, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисија „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.

Стојаноска додаде дека во однос за закажаниот протест на 18-ти јуни, таа одлука е донесена на Извршниот комитет во понеделникот. И се очекува да биде масовен со огледна тоа што навистина народот е премногу заситен од ова сивило во Република Македонија. И тука нема да се запре. Се очекува после тој протест да се случи одлуката дали конечно Република Македонија ќе добие датум за отпочнување на преговори со ЕУ.

„За сето после 18-ти јуни дополнително ќе се прави стратегија. А, до 18-ти јуни пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата продолжува со активна блокада. Денес поднесовме и барање до претседателот на Комисијата за мандатно имунитетни прашања да свика седница апропо она што се случи минатата недела со претседателот на Собрание. Но, за жал ништо друго не  е свикано, а претседателот на Собранието е отсутен, а тоа не значи дека собраниските комисии не можат да се закажуваат и да се работи. Дали толку се исплашија или изморија од нашата активна блокада не се знае. А, ние сме само на почетокот од нашата активна блокада“, нагласи Стојаноска.

Стојаноска во текот на гостувањето во емисијата се осврна и на недоличното однесување на претседателот на Собранието, Талат Џафери.

„Талат Џафери се најде во небрано, која му беше неговата намера, еве ќе го одложи гласањето и ќе премине на кое, на следниот предлог, а ние овој последниот не можеме да го гласаме. Од кај знаеме дали тој ќе се усвои или не“, појасни Стојаноска.

Таа дури укажа дека Талат Џафери беше принуден да ја прекине седницата.

„Од власта мораат да бидат свесни дека не само ВМРО-ДПМНЕ, опозицијата, коалицијата „Обнова за Македонија“, албанската опозиција, туку мнозинство се тие кои што не се задоволни од овие нивни политики. И тоа мнозинство мора да натежне. Протестот на 18-ти јуни ние не го организираме за членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“, туку за сите кои што се несреќни заради ова дивеење од владеење. Ова не е владеење“, истакна Стојаноска

Стојаноска додаде дека граѓаните се многу разочарани од оваа власт.

„Ковачевски дали гледа вести? Дали Ковачевски прати портали, социјални мрежи? Дали гледа на нивните профили, на официјалните што им пишуваат граѓаните? Па тие незадоволни граѓани не се сите од ВМРО-ДПМНЕ“, нагласи Стојаноска.

Стојаноска посочи дека власта има сериозни проблеми.

„Анкетите кои што излегуваат во последно време не се нарачани анкети од ВМРО-ДПМНЕ. Еве СДСМ нека направи една анкета. Тие и меѓусебе веќе не можат да се лажат, очајни се. И затоа така очајно изгледа“, рече Стојаноска.

Стојаноска појасни дека со оваа ситуација, предвремени избори ќе има оваа година. 




Сподели го ова:

Слични објави