Од денеска-ново големо поскапување на бензините
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе oдлука, со која што од денеска се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати, и тоа во просек за 1,80 % во однос на претходната одлука од 16.05.2022 година. Имено, од денеска 19.05.2022 година максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 94,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 96,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 86,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 84,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 54,339 (денари/килограм)