Секоја чест! Четири ученици од ООУ “Гоце Делчев” – Прилеп, освоиjа четири први места на манифестацијата „Ноември – месец на науката“

Сподели го ова:


























Викендов кој што измина, односно во саботата 23.11.2024 година се одржа манифестацијата за популаризација на природните науки „Ноември – месец на науката“, која беше во организација на Сојузот на математичарите на Македонија (СММ) и Природно-математичкиот факултет во Скопје.

На манифестацијата, учествуваа ученици од ООУ Гоце Делчев -Прилеп од V, VIII и IX одделение кои многу успешно се претставија со експерименти од областа на хемијата освојувајќи ПРВА награда и тоа:

🥇Андреа Иваноска V одд.

🥇Анастасија Темелкоска VIII одд.

🥇Марта Шаркоска IX одд.

🥇Никола Здравески IX одд.

Учениците беа менторирани од наставник-ментор м-р Кети Иваноска.

Ви честитаме на успехот наши млади хемичари!




Сподели го ова:

Слични објави