ДЕНЕСКА ВО ПРИЛЕП – РЕКИ ОД НАРОД ВО ЦРКВАТА СВ.ПЕТКА: Од рано утрово огромен број на прилепчани ја посетија црквата св.Петка по повод храмовата слава
Од рано утрово огромен број на прилепчани ја посетија црквата св.Петка по повод храмовата слава. Денеска, прилепчани во духот на вековното православно чествување, го прославија празникот посветен на нашата закрилничка и молитвена застапничка пред Христа, св. преп. мчца. Параскева (Петка) Римјанка, а во сеќавање на нејзиниот живот кој претставува поука и пример за исполнување на Евангелието.
Молитвеното чествување започна уште од вчера вечерта со празнична вечерна богослужба, а продолжи и денеска со Архиерејска богослужба со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар. По завршувањето на Литургијата, се одржа панихида за молитвен спомен на бранителите кои загинаа на Карпалак.



















