ЧЕСТИТКИ! Кире Михаилов е поставен за Заменик Генерален Директор на ЈП “Македонски Шуми”
Кире Михаилов, големиот борец на сето она што е македонско, на македонските корени и историја, човекот кој што неправедно беше избркан од ЈП во кое чесно и професионално си работеше, од денеска е поставен за Заменик Генерален Директор на ЈП “Македонски Шуми”. Овој човек, постојано ги поддржува и брани сите вработени од ЈП “Македонски шуми”, а воедно го критикуваше претходното раководство кое раководеше со ова Јавно Претпријатие кое вработените ги остави неколку месеци без плата!
Како што информиравме претходно во претходните наши објави, за Генерален Директор на ова Јавно Претпријатие е поставен проф. Здравко Трајанов. Голем дел од вработените кои работат во ЈП “Македонски шуми”, со задоволство ја прифатија одлуката на Управниот Одбор за назначувањата на Трајанов и Михаилов.
“Со одлука на Премиерот Христијан Мицкоски и владата на МАКЕДОНИЈА, од денеска сум назначен за Заменик Генерален Директор на претпријатието “Македонски Шуми”.
После добиената судска пресуда и моето враќање на работа, за неколку дена, ова е втората прекрасна вест за мене!
Му благодарам на Премиерот Христијан Мицкоски и владата на МАКЕДОНИЈА за укажаната доверба и можам само да ветам дека нема да ја изневерам нивната доверба!
Уште повеќе, на сите граѓани ширум МАКЕДОНИЈА со кои изминативе години, заеднички ја водевме битката против досега најголемите криминалци и предавници, можам да им ветам дека се она за кое се залагавме и го ветивме, ќе го реализираме!
Од денеска натаму, мојата врата е ширум отворена за сите оние кои сакаат на било каков начин да помогнат во вадење на претпријатието од живата кал во која е втурнато!
Исто така, сакам да знаат и сите оние кои во иднина планираат да работат на штета на претпријатието на било кој начин, ќе ме имаат мене лично за свој непријател!
Да сте ми живи и здрави!
Да ни е вечна МАКЕДОНИЈА!— порача Михаилов.