Средното прилепско економско училиште-со нов директор
Средното прилепско економско училиште “Кузман Јосифоски-Питу”-Прилеп, официјално е со нов директор. Станува збор за квалитетен кадар, а тоа е Цеца Видова Трајческа која што е професор по македонски јазик и литература. Од новата директорка се очекува успешно да менаџира со оваа училишно образовна институција, бидејќи Цеца Видова Трајческа поседува вистински менаџерски способности, со кои се надеваме дека ќе придонесе за креирање на еден успешен развој на ова средно прилепско училиште. Имено, Видова-Трајческа доаѓа на директорската позиција на местото на досегашна директорка во училиштето- Билјана Марковска.