КУЗМАНОСКИ: Целта на овој настан е сите да ги запознаеме со делото на големиот Тоше, а неговиот лик и неговите зборови да бидат поттик за идните генерации

Сподели го ова:

ДЕНЕСКА, СО ПОЧЕТОК ВО 13 ЧАСОТ ВО СПОРТСКАТА САЛА НА ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ „КИРЕ ГАВРИЛОСКИ – ЈАНЕ“ ВО ПРИЛЕП, СЕ ОДРЖА МУЗИЧКО – СЦЕНСКИ НАСТАН СО НАСЛОВ “ТОШЕ ЗА ОВОЈ СВЕТ“.

НА НАСТАНОТ БЕА ИЗЛОЖЕНИ И ПРОМОВИРАНИ ПРЕДМЕТИ ОД МУЗЕЈСКАТА ПОСТАВКА ОД СПОМЕН КУЌАТА НА ТОШЕ КОИ СЕ ПОВРЗАНИ СО ЗНАЧАЈНИ НАСТАНИ КОИ ОВАА ГОДИНА ИМААТ СВОЈ ЈУБУЛЕЈ.

ДИРЕКТОРОТ НА ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ „КИРЕ ГАВРИЛОСКИ – ЈАНЕ“ ВЛАТКО КУЗМАНОСКИ КОЈ ГИ ПОЗДРАВИ ПРИСУТНИТЕ НА ОВОЈ НАСТАН, МЕЃУ ДРУГОТО ИСТАКНА:

“Тоше за овој свет, а овој свет за Тоше. За прв пат во нашата Република Македонија се изнесуваат овие работи надвор од спомен куќата. Чест, задоволство и привилегија ми е што сите овие работи премиерно се презентираат во нашево училиште. Тоше… Не постојат зборови со кои можеме да ја опишеме неговата големина. Целта на овој настан е сите да ги запознаеме со делото на големиот Тоше, а неговиот лик и неговите зборови да бидат поттик за идните генерации” – ИСТАКНА ДИРЕКТОРОТ НА ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ „КИРЕ ГАВРИЛОСКИ – ЈАНЕ“ ВЛАТКО КУЗМАНОСКИ.

ВО СПОРТСКАТА САЛА НА ОВА ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ, БЕШЕ ИЗЛОЖЕНА РЕПЛИКАТА ОД ОБЛЕКАТА ЗА ЕВРОВИЗИСКИОТ НАСТАП ВО ИСТАНБУЛ, БЕЛАТА ГИТАРА “Fender jazz bass”, ЏИНС ОБЛЕКАТА ОД НЕГОВИОТ ПОСЛЕДЕН НАСТАП НА ЕМИСИЈАТА ВРТЕЛЕШКА, КАКО И БРОЈНИ ФОТОГРАФИИ НА КАНВАС.



Сподели го ова:

Слични објави