Ги бараат за настапи низ цела Македонија! Прилепскиот “Весел театар” настапи во Охрид каде повторно ја воодушеви охридската публика со нивниот трет настап во Ohrid Mall

Сподели го ова:































Изминатиот викенд, прилепскиот “Весел Театар” настапи пред охридската публика во трговскиот центар “Ohrid Mall”, каде огромен број на дечиња од Охрид уживаа во најновата театарската претстава за деца “Кога Дедо Мраз пее – секој се смее”.

Оваа интерактивна форма на театар им помага на децата да ги разберат своите права, вклучувајќи го и правото на учество во културни и уметнички активности, и им овозможува да се чувствуваат значајни и слушнати!! На ваков начин, претставите од “Весел Театар” ги пренесуваат суштинските пораки на нивните претстави, и креираат еден интерактивен културен простор за сите генерации. Одиграна претстава во Охрид уште повеќе ги зближи децата со актерите, поттикнувајќи ги да учат, да се забавуваат и да развиваат љубов кон театарот и културата уште од најрана возраст.

Како и секогаш каде настапува “Весел театар”- така и во Охрид на време на самата претстава имаше расположени детски срца и уште позадоволни родители, бидејќи кога децата се среќни, родителите се уште посреќни! Весел театар- познат детски бренд благодарение на своите квалитет и креативност, годишно има над 150 настапи низ цела Македонија (театарски сали, Центри за култура, градинки, Трговски центри и молови, корпоративни забави…).

“Весел театар” не е само обичен театар како некои други, тоа е театарски тим во кој се вклучени: професионални костимографи, 4 педагошки лица кои работат при изработка на сценариото на претставите, а песните за детските музички претстави се снимаат во професионално музичко студио. Зад музичката обработка на театарските песни стои докажан музички тим: Гоце Балада и Рубин Димкоски од групата МЕМОРИЈА, докажан тандем кој во последниве години во етер има пуштено над 120 детски музички песни за фестивали, мјузикли за деца и театарски претстави.

Контакт: 070 272-593




Сподели го ова:

Слични објави